17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Продолжува да расте бројот на заразени од коронавирус на крузерот во Јапонија

Уште 67 лица кои се наоѓаат на крузерот „Дајмонд принцез“, закотвен во јапонското пристаниште Јокохама, се заразени со коронавирусот, изјави денеска јапонскиот министер за здравство Какунобу Като.

Со тоа, бројот на заразени на бродот на кој има околу 3.700 патници и членови на екипажот, е зголемен на 286.

Бродот е ставен во карантин на брегот на Јапонија од 4 февруари, откако беше откриено дека патник кој се симнал во Хонг Конг, бил заразен со коронавирус.