Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Изгласани измените на изборниот законик – Дебар и Маврово-Ростуше се преместуваат во петтата изборна единица

Утринава пратениците во Собранието го изгласаа предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, со што Дебар и Маврово-Ростуше од шестата се селат во петтата изборна единица.

Претходно, пратениците по повеќечасовна расправа ја разрешија техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

Денеска во Собранието, во 13 часот, на дневен ред се предлог-законот за јавното обвинителство и предлог-законот за изменување и дополнување за Советот на јавни обвинители.

Расправата за законот за ЈО заврши доцна синоќа, а претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека гласањето ќе се спроведе кога ќе се обезбеди потребното мнозинство.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +