16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: САД можат да станат најмоќната нуклеарна сила во светот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во случај Соединетите Американски Држави да не потпишат никаков договор со Русија за контрола на оружјето, САД ќе го создадат најмоќното нуклеарно оружје во светот.

„Во моментов Русија и Кина сакаат да преговараат со нас во исто време за да го прекинеме безумното трошење милијарди и милијарди долари за нуклеарно оружје. Сепак, сè додека немаме таков договор, единственото нешто што можам да направам е создавање на најмоќната нуклеарна сила во светот“, истакна Трамп, пренесе „Спутник“.

Според него, на Америка ѝ се неопходни „супер брзи ракети“, бидејќи Москва веќе поседува такво оружје.

Трамп додаде дека руската страна може да добие информации за соодветни технологии од претходното американско раководство.

Договорот за неширење нуклеарно оружје (СТАРТ-3) истекува на 5 февруари 2021 година./Makfax

Спонзорирано: