3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Во иранскиот напад во Ирак повредени се над 100 американски војници

Бројот на повредени американски војници во иранскиот напад на воена база во Ирак на почетокот на јануари порасна на 109, што е 45 повеќе отколку што првично беше објавено, соопшти Пентагон.

Од 109 војници, кои добиле лесен потрес на мозокот, 76 отсто се вратиле во своите единици на должност, напишало американското Министерство за одбрана во извештајот што вчера беше објавен.

Техеран ноќта на 7 јануари испали ракети на две воени бази во кои биле сместени 5.200 американски војници во Ирак, како одговор за смртта на иранскиот генерал Касим Сулејмани, кој беше убиен од американски дрон на 3 јануари.

Ниту еден американски војник не беше убиен во нападот на воената база Аин Ал Асад, по што американскиот претседател Доналд Трамп утврди дека ниеден Американец не е ни повреден.

Тој се обидува да избегне ескалација со Техеран, па на прашање за повредите на војниците настојувал да ги намали последиците.

„Слушнав дека имале главоболки. Тоа не го сметам за тешка повреда“, рекол Трамп./Makfax