17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Шефот на СЗО: Коронавирусот е сериозна закана за светот

Епидемијата на коронавирус во Кина е многу сериозна закана за остатокот од светот, изјави денеска шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејeсус.

„Коронавирусот, со 99 отсто од случаите во Кина, е вонредна состојба за земјата, но исто така е сериозна закана за остатокот од светот“, рече тој, отворајќи го дводневниот светски форум на СЗО во Женева на кој ќе се разговара за мерките во борбата против коронавирусот.

Тој ги повика сите земји да ги споделат знаењата за вирусот, како и да ги забрзаат истражувањата за лекови и вакцини против новиот тип на коронавирус, од кој досега починаа 1.000 луѓе./Makfax

Спонзорирано: