11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Џјинпинг и Трамп телефонски разговараа за епидемијата на коронавирусот

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Кина е целосно способна да ја запре епидемијата на коронавирусот, јавуваат кинеските медиуми.

„Трамп, од своја страна, изрази уверување во способноста на Кина да се справи со предизвикот на епидемијата на коронавирусот“, изјави портпаролот на Белата куќа.

Шји рекол дека Кина почнала народна војна против епидемијата воспоставувајќи национална мобилизација и најстроги мерки за превенција и контрола. Тој ги повикал САД разумно да реагираат на епидемијата. Според денешниот официјален биланс, 636 луѓе починале од новиот вирус, а повеќе од 31.000 се заразени./Makfax