15.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Италија како да е лето, соборен рекордот во однос на температурата

Во италјанска Сардинија вчера е регистрирано необично топло време со нов рекорд за февруари кога живата на термометарот на источниот брег на островот се искачила на 27 Целзиусови степени.

Таа температура била регистрирана напладне во Капо Белависта, пренесува хрватски „Индекс“ повикувајќи се на информации од француска метеоролошка интернет-страница.

Италијанската новинска агенција „Анса“ објави дека претходниот температурен рекорд за Сардинија бил 26 Целзиусови степени.

„Денешната температура е далеку над просечната за ова време. Нормалните температури во февруари се од 13 до 15 степени“, објави метеоролошката служба на италијанската авијација.

Максимална температура е забележана и во гратчето Тортоли, кое е лоцирано на шест километри од брегот, а таму биле измерени 25 Целзиусови степени.

Прогнозите за денеска најавуваат влошување на времето на Сардинија, со максимални температури од 15 до 18 степени и засилен ветер./Makfax