16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран погуби човек обвинет дека шпионирал за Америка

Судот во Иран осуди едно лице на смртна казна по обвиненијата за шпионирање за американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), изјави портпаролот на главниот ирански кривичен суд, Холамосеин Исмаили.

Тој на прес-конференција во Техеран изјави дека на истото судење биле осудени две други лица на десет и пет години затвор.

Иранските медиуми минатата лето објавија детали за голема мрежа на сајбер-шпионирање за која се вели дека е под контрола на американското разузнавање.

Извештаите во медиумите велат дека се идентификувани вкупно 17 шпиони обучени од ЦИА.

Медиумите објавија фотографии и видеа, кои наводно претставуваат доказен материјал за обидите на Американците да ги ангажираат Иранците да работат против властите во Техеран./Makfax

Спонзорирано: