13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

АББА планира да објави нови песни во септември

Шведскиот квартет неодамна најави дека планира да сними нови песни првпат по 35 години, а се чини дека фановите нема долго да чекаат на албумот иако сè уште нема потврден датум на објавување.

Во клипот што го сподели фан-страницата ABBA Talk, Бени Андерсон беше запрашан што се случува со песните што ги ветиле во 2018 година.

На својот роден шведски, тој одговори: „Доаѓаат. Песните ќе бидат готови оваа година. Претпоставувам по летото“.

Запрашан дали ќе бидат готови во 2020 година, тој додаде: „Не треба да се ветува ништо, но ако јас решавам сам, тоа би било септември. Не можам сам да донесам одлука, но тоа е месецот кон кој целиме“.

Пред речиси две години Бени Андерсон, Бјорн Улвеус, Агнета Фелтског и Ани-Фрид Лингстад соопштија дека снимиле две нови песни – I Still Have Faith in You и Don’t Shut Me Down, кои ќе бидат дел од проектот „Аватар турнеја“.

Тие во тоа време изјавија: „Одлуката да се оди напред со возбудливиот проект – турнеја на аватарите во АББА – имаше позитивни последици. Сите четворици сметавме дека, по 35 години, би било забавно повторно да ги здружиме силите и да влеземе во студио за снимање“.

Шведскиот бенд, кој имаше девет број еден хитови во Велика Британија помеѓу 1974 и 1980 година и продаде стотици милиони записи во целиот свет, на „Инстаграм“ објави дека снимиле две нови песни за проект во кој ќе настапат аватарите на бендот./Makfax

Спонзорирано: