25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Човек падна мртов на улица во Вухан, службите дезинфицираат низ градот

Полиција во заштитни костими вчера во кинескиот град Вухан опколила тело на мртов маж кој бил пронајден како лежи на тротоарот.

Мажот со седа коса носел заштитна маска за лицето, а паднал и умрел додека одел по улицата. На снимки објавени од локалните медиуми се гледа како медицинскиот персонал го покрива телото на човекот со сино ќебе, по што полицијата го опколила местото со картонски кутии за да ја скрие вознемирувачката глетка од очите на другите минувачи.

Телото набрзо било внесено во амбулантно возило, по што медицинскиот персонал започнал да го дезинфицира тој дел од улицата. Целиот овој трагичен настан, за жал, потсетува на вознемирувачките сцени од филмовите за катастрофи, во кои, поради непозната епидемија, луѓето умираат на улица.

Жена која стоела близу до човекот кога паднал изјавила дека верува оти починал од инфекција со коронавирус.

Бројот на загинати од вирусот во Кина се зголеми на 213, а Светската здравствена организација (СЗО) вчера прогласи состојба на глобална здравствена криза.