30.8 C
Скопје
17. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Убиен киднапер во Индија кој држел 20 деца како заложници

Индиската полиција уби киднапер кој организирал лажна роденденска забава на неговата едногодишна ќерка и повеќе од 11 часа држел во заложништво 20 деца на северот на земјата.

Локалните медиуми го идентификуваа човекот како Субаш Батам – велејќи дека тој е обвинет за убиство, но е пуштен со кауција.Локалното население во округот Фарукхабад, Утар Прадеш, подоцна ја претепало неговата сопруга до смрт.

Двајца полицајци се повредени кога киднаперот, идентификуван како Субаш Батам, пукал во полиција откако се обиделе да влезат во неговиот дом во селото Касари, во државата Утар Прадеш. Полицијата 10 часа се обидувала да преговара со мажот кој бил пијан. Кога полицијата влегола во зградата со сила, мажот бил убиен во престрелка. Сите деца коишто ги држел како заложници на возраст меѓу шест месеци и 15 години се спасени.

„Имаше страв во соседството и никој не спиеше. Сите беа загрижени за безбедноста на децата. Полицијата се обиде да го убеди да се предаде. Тие повикаа специјални сили кога нивниот обид не успеа“, велат очевидци.

Батам ги поканил децата на роденденска забава за неговата ќерка.Потоа ги држел сите – вклучително и неговата сопруга и ќерка – како заложници во зградата./Makfax