21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Крај на драмата: Шесте илјади заробени на италијанскиот крузер можат да си одат дома

Патничката на италијанскиот крузер за која постоеја сомненија дека е заразена од корона вирусот, го нема тој тип вирус, соопшти портпаролот на министерството за здравство на Италија.

Ваквиот епилог доаѓа откако беа направени тестови од страна на италијански лекари.

Околу 6.000 луѓе беа заробени на италијанскиот крузер во Италијанскиот град Чивитавечија откако една кинеска добила грозница, поради што се појави стравување дека е заразена од новиот корона вирус.

Неименуван извор навел дека таа има благи симтоми, додека нејзиниот сопруг немал никакви симптоми на болест.

Парот од Макао го тестирале експерти специјалисти за инфективни болести и вируси.

Спонзорирано: