17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Абас за предлогот на Трамп: Ерусалим не е на продажба

Палестинците го отфрлија новиот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп, опишувајќи го како „заговор“. Планот предвидува палестинска држава и признавање на израелскиот суверенитет над населбите на Западниот Брег.

Според планот, Ерусалим ќе остане „неподелена“ израелска престолнина, но палестинскиот главен град ќе „вклучи области на Источен Ерусалим“.

„Ерусалим не е на продажба“ порача палестинскиот претседател Махмуд Абас, како реакција на вчерашното соопштение.

„Сите наши права не се за продажба и не се за зделка“, додаде тој.

Илјадници Палестинци одржаа протести во Појасот Газа, додека израелската војска распореди засилувања во окупираниот Западен Брег./Makfax