17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Прв случај на коронавирус и во Емиратите, Турција ги евакуира своите државјани од Вухан

Првиот случај на коронавирус е забележан и во Обединетите Арапски Емирати и тоа во семејство кое допатувало од Кина. Засега не е познато колку членови од семејството се заразени.

ОАЕ се составени од седум емирати, а мнозинство од населението живее во Абу Даби и Дубаи.

Според информациите на светските медиуми, прв случај на коронавирус е пријавен и во Тибет, а полуавтономниот регион Хонгконг ја затвори границата кон Кина и го прекина железничкиот сообраќај.

Турција објави дека ќе евакуира 32 турски државјани од Вухан, градот каде првпат се појави коронавирусот, изјави турскиот амбасадор во Кина.

Досега тоа го сторија САД и Јапонија, додека Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Франција, Велика Британија и Индија имаат намера да го сторат истото наскоро.

Според најноите податоци, 132 лица починале од ефектите на новиот коронавирус во Кина, а повеќе од 6.056 лица се разболени.

Надвор од Кина, заболени се 70 лица во 19 држави, од кои најмалку пет во САД./Makfax