Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Субвенционирањето на придонесите досега ги зголеми платите на над 106.000 вработени во 20 илјади компании

СДСМ продолжува со реализација на мерките што обезбедуваат добро платени работни места и повисоки плати за работниците. Мерката за субвенционирање на придонесите на платитите за компаниите што ќе им ја зголемат платата на вработените од 600 до 6.000 денари покажува одлични резултати, соопшти денеска СДСМ.

„За 2,5 месеци над 106.000 вработени добиваат поголема плата, а се очекува раст на бројот на вработени со повисоки плати.

За мерката, за која во буџетот се предвидени 39 милиони евра, досега аплицирале над 20 илјади компании.

СДСМ инвестира во човечкиот капитал, во граѓаните и создавање на подобри услови за живот и повеќе пари во семејните буџети.

На прав пат сме!“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Божиновска: Декарбонизацијата-конкретен патоказ и дел од нашите обврски кон ЕУ

ДЕСК

УХМР најавува нестабилно време: Викендот носи поројни дождови, грмежи и можни локални невремиња – детална четиридневна прогноза

ДЕСК

СДСМ: Професорката Гордана Сиљановска-Давкова падна на испит во Словенија

ДЕСК