23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ свика вонреден состанок поради влошени состојби во регионот

Во Белград се одржува итна средба, свикана од српскиот претседател Александар Вучиќ, поради, како што било наведено, влошената состојба во регионот, пренесува хрватски „Индекс“, повикувајќи се на новинската агенција „Танјуг“.

Според информациите, Вучиќ на состанокот ги повикал министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, министрите за внатрешни работи Небојша Стефановиќ и за одбрана Александар Вулин, како и директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА), Братислав Гашиќ.

Сè уште не се познати други детали за темите на ненадејниот состанок, а се очекува по средбата на државните функционери да биде објавено соопштение./Makfax

Спонзорирано: