14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку 35 бродa зафатени од пожар во Алабама, има настрадани

Шефот на пожарникарската служба во Алабама потврди дека има настрадани во пожарот кој зафатил најмалку 35 бродови закотвени покрај реката Тенеси.

Џин Неклаус, шеф на Противпожарната служба во Скотсборо, не прецизираше колку лица настрадале, но претходно рече дека седум лица се хоспитализирани, а уште седум се пријавени за исчезнати.

Според него, повеќето бродови биле користени за живеење.

Агенцијата за управување во итни ситуации на округот Џексон соопшти дека пожарникарските и спасувачките операции се одвивале и на копно и на вода./Makfax