5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Аријана ерлајнс“ демантира дека се урнал патнички авион во Авганистан

Авганистанската авиокомпанија „Аријана ерлајнс“ негираше дека нејзин авион со 83 патници се урнал, како што објавија бројни светски медиуми.

„Имаше пад на авион, но тоа не е авион кој ѝ припаѓа на ‘Аријана ерлајнс’. Двата наши авиона кои денеска летаа до Кабул и до Њу Делхи безбедно слетаа“, рекол директорот на компанијата.

Освен неколку светски медиуми, и тројца високи авганистански владини функционери изјавија дека „боинг“ кој ѝ припаѓа на „Аријана ерлајнс“ се урнал југозападно од Кабул.

Си-би-ес сега известува дека станува збор за воен авион и дека загинале двајцата пилоти.

Сè уште не е познато чиј е авионот./Makfax

Спонзорирано: