16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бројот на загинати во земјотресот во Турција се искачи на 40 лица

Бројот на загинати во земјотрес во Турција се искачи на 40 лица, откако спасувачите извлекоа тело од под урнатините на куќа во градот Елазиг. Во земјотресот со јачина од 6,8 степени што го погоди источниот дел на земјата во петокот вечерта повредени се повеќе од 1.600 луѓе. 45 преживеани биле извлечени од урнатините.

Земјотресот уништи 76 згради и оштети повеќе од 1.000, чии станари бараа засолниште во шатори, џамии, училишта, спортски сали и домови. Поставени се повеќе од 9.500 шатори и се најавува дека околу 2.000 станови ќе започнат со изградба во април.

Во болница се задржани 86 лица, од кои 18 се во одделенија за интензивна нега. Скоро 4.000 луѓе се ангажирани во спасувачки операции, како и 22 кучиња. Земјотресот со јачина од шест степени го погоди Елазиг и во 2010 година, при што загина 51 лице./Makfax

Спонзорирано: