20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пукање во Германија, можно е да има жртви

Германската полиција преку „Твитер“ извести дека се спроведува операција во градот Рот ам Зе поради инцидент со пукање, пренесува „Спутник“

Според полицијата, многумина се повредени, а веројатно има и жртви кога вооружен напаѓач отворил оган во градот Рот ам Зе. Медиумите шпекуклираат дека има шестмина мртви.

„Се спроведува голема полициска операција во Рот ам Зе, каде што имаше пукање. Неколку луѓе се повредени, а веројатно има мртви. Осомничениот е приведен“, напиша полицијата во Баден-Виртемберг на „Твитер“.

Од полицијата исто така соопштија дека не станува збор за терористички напад бидејќи пукањето го предизвикала домашна расправија. Напаѓачот веднаш бил приведен и притворен. Во оваа фаза се верува дека дејствувал сам бидејќи нема докази за други осомничени.

Рот ам Зе е град со 5.300 жители во провинцијата Баден-Виртемберг, западно од Нирнберг.