22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пленковиќ: На Самитот во мај ќе му се даде јасна европска перспектива на Западен Балкан

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека хрватското претседавање со Европска унија преку Самитот во Загреб во мај ќе им даде на земјите од Западен Балкан јасна европска перспектива, јасна временска рамка, но и методологија за идните преговори.

Тој во интервју за Франс 24 рече дека очекува претставување на предлогот за одредени модификации на методологијата на преговарачкиот процес и дополнителен извештај за напредокот на Северна Македонија и Албанија. Тоа, според него, ќе доведе до постигнување на политичко решение и ќе ја врати довербата на двете земји пред Самитот на ЕУ во Загреб./Makfax

Спонзорирано: