22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку 11 жртви во бура во САД

Најмалку 11 лица, меѓу кои и двајца работници во службите за вонредни случаи, настрадаа во силното невреме што ги погоди јужните делови на САД и делови на Средниот Запад.

Смртни случаи поради невремето се пријавени во Тексас каде патиштата замрзнаа, Алабама беше погодена од смртоносно торнадо. а во Луизијана силниот ветер подигна куќа на тркала и ја носеше 60 метри.

Еден маж се удави во Оклахома, а најмалку едно лице загина во несреќа на замрзнат автопат во Ајова, пренесе синоќа „Гласот на Америка“.

Стотици илјади луѓе се без струја од Тексас до Охајо, а автопати се затворени во Оклахома и Арканзас поради поплави. Стотина летови се откажани од меѓународниот аеродром во Чикаго.

Гувернерот на Арканзас, Ејса Хачинсон, прогласи вонредна состојба за да им помогне на екипите што работат за повторно воспоставување на доставата на електрична енергија низ целата држава.

Торнадото во Луизијана удри со ветрови од 217 километри на час./Makfax

Спонзорирано: