19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Помпео го осуди нападот врз ирачката база

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, го осуди нападот врз воздухопловната база, Балад во Ирак, во кој беа повредени четворица ирачки војници.

Тој ја повика ирачката Влада да ги изведе пред правдата одговорните за нападот врз Ирак.

„Континуираното кршење на ирачкиот суверенитет од страна на групи што не се лојални на ирачката Влада мора да престане, напиша Помпео на „Твитер“.

Врз базата Балад вчера беа испукани седум минофрлачки бомби./Makfax

Спонзорирано: