22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Иран призна дека го соборил украинскиот патнички авион

Иран призна дека ненамерно го соборил украинскиот патнички авион, при што загинаа сите 176 патници.

„Истрагата откри дека ракетите биле испукани како резултат на човечка грешка“, рече претседателот Хасан Рухани. Тој ја опиша несреќата како „непростлива грешка“.

Војската соопшти дека авионот летал близу до чувствителна база што ѝ припаѓала на Иранската револуционерна гарда и дека бил регистриран како непријателски авион.

„Исламската Република Иран длабоко жали за оваа катастрофална грешка“, рече Рухани.

Иран претходно ги отфрли наводите дека е одговорен за несреќата.

Авионот се урна на 3 јануари, набргу по полетувањето од Техеран. Во летот за Киев имало 176 патници и членови на екипажот, од кои најголемиот дел Иранци и Канаѓани. Несреќата се случи неколку часа откако Иран изврши ракетен напад врз американски бази во Ирак, како одговор на убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани по наредба на САД./Makfax