14.8 C
Скопје
15. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Автомобил излетал од патот кај Зајас, тешко повредено едно лице

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Гостивар – Кичево, на влезот во селото Зајас.

Според информациите на полицијата, вчера околу 12,20 часот автомобил „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(50) од Белград излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото С.Д. (70) од Куманово./Makfax