22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Си-ен-ен: Кралицата го молела Хари да почекаОбјавено пред 14 минути – 10 јануари, 2020

Кралицата Елизабета Втора го молела својот внук принцот Хари да не го објави соопштението дека тој и неговата сопруга Меган ќе се повлечат од високите позиции во кралското семејство пред да се договорат со другите членови на семејството, но тој го игнорирал нејзиното барање.

По објавувањето е соопштено дека Бакингамската палата се обидува да разработи план за принцот Хари и неговата сопруга Меган, американска државјанка, откако објавија дека ќе се повлечат од должностите што им припаѓаат како членови на кралско семејство и поголемиот дел од времето ќе го поминуваат во Северна Америка.

„Си-ен-ен“ пренесува дека по таа објава, Хари и Меган сè уште сакаат луѓето да им се обраќаат со „Ваше кралско височество“ и сè уште дејствуваат како важни кралски фигури и живеат во Фрогмор, за кој британските даночни обврзници плаќаат 3 милиони долари годишно за одржување.

Принцот Хари и Меган Маркл ја изненадија јавноста со одлуката дека сакаат да водат понезависен живот за кој се надеваат дека ќе можат сами да го финансираат./Makfax