10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ ќе организира донаторска конференција за Албанија

ЕУ на 17 февруари ќе одржи донаторска конференција во Брисел за да се помогне во реконструкцијата на штетите по земјотресот во Албанија, објави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„ЕУ со задоволство може да најави дека донаторска конференција за Албанија ќе се одржи на 17 февруари. Конференцијата е организирана по катастрофалниот земјотрес, со желба да и помогнеме на Албанија во реконструкцијата“, рече Фон дер Лајен при посетата на Загреб.

Европската комисија објави дека на донаторската конференција ќе учествуваат ЕУ, земјите членки, партнерите од Западен Балкан, претставници на други земји, како и меѓународни институции, вклучително и Обединетите нации и Светската банка.

Во земјотресот што ја погоди Албанија на 26 ноември 2019 година загинаа 51 лице, повеќе од 1.000 лица беа повредени, а 14.000 се привремено раселени.

Уништени се и јавна инфраструктура, но и голем број приватни имоти./Makfax