12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТТОП ВЕСТИ

Иран тврди дека 80 Американци се убиени, објавена снимка од гранатирањето на воените бази

Иранската државна телевизија денеска објави дека најмалку 80 „американски терористи“ се убиени во иранскиот напад врз американски цели во две воени бази во Ирак, а приложи и снимки за кои тврди дека го прикажуваат моментот кога Иранците нападнале воздушна база во Ирак во која биле сместени американски трупи.

„Доаѓа, доаѓа… Доаѓа трета“, се слуша во драматичното видео, за кое се верува дека го прикажува моментот од гранатирањето на ирачката воена база Аин-Асад.

Гласови на вознемирени луѓе се слушаат во краткото видео објавено во повеќе водечки светски медиуми, а на снимките се прикажани и неколку блесоци кои доаѓаат од далечината каде се наоѓа оваа база.

Блесоците беа проследени со силен одек од експлозија.

Повикувајќи се на неименуван висок извор од Иранската револуционерна гарда, иранските медиуми пренесуваат дека земјата има на нишан уште 100 други цели во регионот ако Вашингтон преземе некаков акт за одмаза поради нападите.

Телевизијата тврди дека американскиот претседател се обидува да ја минимизира штетата од иранските ракетни напади врз американски цели во Ирак со твитови дека „сè е во ред“.

Исто така, се наведува дека американски хеликоптери и воената опрема биле тешко оштетени без притоа да пресретнат ниедна иранска ракети./Makfax