15.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Иран се одмаздува за убиството на Сулејмани, нападнати воени бази на САД

Американската армија потврди дека Иран нападнал воени бази во Ирак во кои се сместени војници на САД. Нападите се извршени со проектили „земја-земја”. Станува збор за најмалку две воени бази и за повеќе од 12 проектили, соопшти Пентагон.

Според иранската државна телевизија, ракетирањето било насочено кон две воздухопловни бази Аин ал Асад во близина на Багдад и на база во Ирбил на северот на Ирак. Американски воени официјални лица изјавија дека најмалку шест проектили ја погодиле Аин Асад, а нападот го потврди и портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам.

Информацијата за нападите ја потврди и Иранската исламска револуционерна гарда. Иранската државна телевизија јави дека во операцијата наречена „Маченикот Сулејмани”, има жртви меѓу Ирачаните во една од нападнатите бази, јавува Си-Ен-Ен, цитирајќи ирачки безбедносен извор. Нема информации за жртви на американска страна.

Белата куќа објави дека претседателот Доналд Трамп е известен за нападите и дека ја следи состојбата и се консултира со својот тим за национална безбедност.

Исламската револуционерна гарда се закани со напади на територијата на САД, како и на градовите Дубаи (Обединети Арапски Емирати) и Хаифа (Израел) ако САД возвратат на нападите на базите во Ирак.

„Ги предупредуваме сите американски сојузници кои ги отстапија своите бази за нивната терористичка војска дека секоја територија на напад врз Иран ќе биде наша мета“, стои во соопштението на Иранската револуционерна гарда што го пренесоа и државната телевизија и „Би-Би-Си“.

До нападите на воените бази доаѓа откако во петокот САД со дрон го убија иранскиот генерал Сулејмани./Makfax