20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

На секој петти жител на ЕУ му пречи бучава, најмногу се жалат оние кои живеат сами

Речиси петтина од жителите на Европската унија – 18,3 проценти велат дека им пречи бучавата во соседството, објави „Евростат“.

На бучава двојно повеќе се жалат жителите во градовите, 24,1 процент, отколку жителите во руралните области, каде што бучавата му пречи на секој десетти жител, се наведува во анализата на податоците за 2018 година.

Бучавата најмногу им пречи на луѓето кои живеат сами – 21,8 отсто, како и на двојките кои немаат деца.

Најчесто на бучава се жалат Малтежаните – 28,2 проценти, потоа Германците и Холанѓаните, па следат Португалците, Романците, Британците, како и жителите на Кипар, Грција и Луксембург.

За бучава најмалку се жалат жителите на Хрватска, Унгарија, Естонија, Ирска и Бугарија./Makfax