9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Локвенец: На ВМРО ДПМНЕ не им пречи Северна Македонија кога треба да станат дел од извршната власт

Вчерашниот избор на преодна влада на дело го покажа сето лицемерие и лажен патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ, рече пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец на прес-конференција.

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски вчера покажале дека немаат проблем со уставното име кога треба да станат дел од извршната власт, но им пречи кога државата треба да оди напред, им пречи кога треба да се усвои Законот за одбрана, важен за нашето членство во НАТО.

„Кандидатите за министри во преодната влада од редовите на ВМРО-ДПМНЕ немаа проблем дасе потпишат и дадат изјава како министри на Република Северна Македонија, изјавувајќи дека ќе го почитуваат Уставот и законите на Република Северна Македонија. Го признаа и претседателот на Собранието Талат Џафери, за кого велеа дека не го признаваат“, рече Локвенец.

Пратеникот е дециден дека вчерашната седница е доказ оти ВМРО-ДПМНЕ се бори за гола власт играјќи на лажен патриотизам и дволичност.

„Бадијала ВМРО-ДПМНЕ го дели народот и ги навредува своите сограѓани што го користат уставното име. Освен ситно профитерство и политиканство, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат никакви вредности и ставови. Затоа ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе загубат. Затоа СДСМ и граѓаните ќе победат и ќе потврдат дека сме на прав пат. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не ја заслужуваат поддршката на граѓаните и ќе доживеат нов изборен пораз“, заклучи Локвенец.