17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Водителка на реално шоу го претепала своето помладо момче

Каролина Флек, водителка на реалното шоу Love Island, е во притвор откако со ламба го претепала своето 13 години помладо момче Луис Бартон, кој потоа завршил во болница со полесни повреди.

Се скарале откако Каролина видела дека Луис се допишува со жена прилично постара од него. Тоа многу ја разбеснило, и во момент на екстремна лутина физички го нападнала.

Според судски извори, ТВ-презентерката го оставила своето момче раскрвавено откако наводно го удирала по главата со ламба мислејќи дека тој ја изневерува.

Четириесетгодишната Каролина Флек е обвинета дека го нападнала Луис Бартон додека спиел откако видела порака на неговиот телефон. Тој успеал да заврти 999, ја повикал полицијата да му помогне и предупредил „таа се обиде да ме убие“.

Полицајците кои први стигнале во нејзиниот дом во северен Лондон вреден 1,1 милиони фунти, ја споредија сцената со „хорор филм“. Тие ги затекнале Флек и нејзиниот партнер облиени со крв во домот на ТВ-водителката.

Челниците на телевизијата на која се прикажува реалнотот шоу не гледаа благонаклоно на случката, па така, Каролина доби отказ поради скадалозно однесување./Makfax