17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Иво Санадер осуден на шест години затвор

По една година и два месеца судење, беше донесена нова неправосилна пресуда во окружниот суд во Загреб за поранешниот премиер и претседател на ХДЗ Иво Санадер и директорот на унгарскиот МОЛ, Злот Хернади, поради прифаќање, односно давање мито во аферата „Ина-МОЛ“. И обајцата се прогласени за виновни.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, образложувајќи ја неправосилната пресуда, судијката во загребскиот суд, Маја Штампар Стипиќ, рекла дека Санадер се договорил со Хернади дека за износ од 10 милиони евра, на „Ина-Мол“ ќе ѝ препушти одлучувачки глас во работењето на „Ина“. Притоа, ја искористил својата положба и авторитетот на премиер, за да прикаже дека е потребно издвојување на бизнисот со гас и меѓуакционерскиот договор, додала судијката Стипиќ.

Неправосудната пресуда во повторното судење беше објавена пред празна обвинителна клупа, бидејќи Санадер остана во затворот во Реметинец, поради неодамнешна операција.

Ако пресудата стане правосилна, на барање на Обвинителството, тој ќе треба на државата да ѝ врати 10 милиони евра./Makfax