17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Мајка и две девојчиња загинаа во лавина на италијанско скијалиште

Мајка и две ќерки од Германија загинаа во саботата во снежна лавина во ски-центар во италијански јужен Тирол, соопшти полицијата.

Несреќата се случила во зимското одморалиште Шналстал, западно од градот Мерано, изјави портпарол на италијанските карабиниери.

Тој додаде дека во моментот немало предупредувања за можност од лавина, но дека дувале силни ветрови и дошло до зголемување на температурата.

Две лица биле извлечени од снежниот нанос и пренесени во болница во Мерано.

На местото на настанот биле пронајдени телата на една жена и седумгодишно девојче. Друго дете, ќерка на починатата, им подлегнало на повредите откако со хеликоптер го пренеле во болница во Тренто, соопшти полицијата.

Не е познато дали повеќе луѓе се заробени под лавината, а спасувачи сè уште го пребаруваат местото./Makfax