8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Французин украл 1,1 милион евра во биткоини од поранешна фирма која го отпуштила

Иако крадењето биткоини е ново кривично дело, приказната зад една од најголемите кражби на криптовалута во историјата на Франција е стара колку и светот – пријателите се разделуват и еден се одмаздува бидејќи му згрешиле.

Група пријатели отвориле ИТ-компанија во 2013 година и неколку години сè се одвивало непречено, а профитотот постојано растел. Тогаш настанала голема кавга меѓу раководството, која завршила со отказ на еден од основачите.

Човекот заминал да бара нова работа надвор од Франција, но не го заборавил тоа што му го сториле поранешните соработници и од бизнисмен станал хакер.

Истрагата утврдила дека помеѓу декември 2018 и јануари 2019 година, тој со трансакции однадвор успеал да украде 182 единици биткоин, што е околу 1,1 милиони евра, од сметките на компанијата. Знаејќи како работи фирмата, човекот никогаш не го надминал лимитот на повлекување што автоматски предизвикува аларм.

Но, на крајот компанијата открила дека парите ги нема и пријавила во полиција. По неколку месеци, инспекторите успеале да го најдат дигиталниот паричник каде што се чуваат украдените биткоини и да го откријат неговиот сопственик.

Осомничениот во меѓувреме се вратил во Франција, но тоа му била голема грешка бидејќи бил приведен пред една недела во департманот Калвадос. Тој им признал на надлежните органи дека постапил од одмазда и е обвинет за кражба, перење пари, како и за нелегален пристап и во систем за автоматска обработка на податоци.

Локалниот судија му забранил са патува во очекување на судењето, но обвинителството во Париз врши притисок мерката да се замени со притвор./Makafax

Спонзорирано: