20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Американец ограбил банка во Колорадо, а потоа ги расфрлил парите викајќи „Среќен Божик“

Маж со бела брада е приведен со кауција од 10.000 долари поради грабеж на банка во Колорадо и фрлање на украдените пари во воздух со извици „Среќен Божик“ кон минувачите, јавија полицијата и локалните медиуми.

Дејвид Вејн Оливер (65) бил уапсен во кафуле на „Старбакс“ во близина кога ја ограбил банката „Академи“ во Колорадо Спрингс во понеделникот попладне, соопшти полицијата.

Се наведува дека осомничениот се заканил дека ќе употреби оружје, а банката ја напуштил со пари, чиј износ засега не се наведува.

Портпаролот на полицијата не бил достапен за коментар, но локалната ТВ-станица ККТВ објави изјава на очевидецот Дион Паскал, според која, Оливер излегол од банката и почнал да фрла пари насекаде.

„Тој фрлаше пари од торбата и почна на цел глас да вика ‘Среќен Божик’“, изјавил Паскал.

Сведокот додал дека некои минувачи зеле дел од парите и ги вратиле во банката, а Оливер влегол во „Старбакс“, седнал и чекал полицијата да го уапси, јави ККТВ.

Весникот „Денвер пост“ цитира изјава од полицијата според која од банката биле земени илјадници долари додавајќи дека нема индиции оти Оливер користел оружје при грабежот.

Полициските фотографии прикажуваат дека Оливер има сиво-бела коса и целосно бела брада, со ѓто личи на Дедо Мраз.

Тој во моментот е задржан во окружниот затвор „Ел Пасо“, каде што го чека своето прво појавување пред судија, закажано за четврток. Сè уште не е познато дали има ангажирано адвокат./Makfax