17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Возило со француски таблички учествувало во сообраќајка и избегало

Вчера напладне на крстосница од улиците „Благоја Паровиќ“ и „Ѓорѓи Поп Христов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило со француски национални ознаки, кое по незгодата го напуштило местото и патничко возило „шкода фелиција“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(22) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Б., додека со телесни повреди се здобил М.Б.(23) од Скопје, сопатник во неговото возило.

Тие биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје./Makfax