18.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пропаднаа преговорите на синдикатот со управата на „Луфтханза“

Синдикатот на „Луфтханза“ соопшти дека пропаднале преговорите со авиокомпанијата и дека врабоените можат да започнат штрајк кога и да сакаат.

Тие најавија дека сепак би сакале да ги поштедат патниците во штрајк на 24, 25 и 26 декември.

„Иако се согласивме да не ја откриваме содржината на разговорите, за жал мора да изјавиме дека немаше решение, затоа што не успеавме“, рече портпаролот на Синдикатот Уфо, Николеј Баублис.

„Единствено што можеме да им кажеме на нашите патници е дека штрајк нема да има за време на Божиќните празници – особено на 24, 25 и 26 декември“, рече Баублис./Makfax