Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Невреме низ Македонија: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Утре времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено во попладневните часови и ќе дува засилен јужен ветер (на места над 70км/час). Денес врнежите ќе бидат во западните делови, а утре насекаде и локално ќе бидат пообилни (над 25л/м2) во форма на невреме.

За овие два дена воздушниот притисок ќе се намали за повеќе од 20 мерни единици. Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со услови за локален дожд, а на планините снег. Ќе дува засилен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови.

Прогноза за 23.12.2019
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 7°С до 16°C
Променливо облачно со локален дожд, а на планините локално со снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Прогноза за 24.12.2019
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 6°C до 13°C
Променливо облачно со сончеви периоди. На североистокот со повремен дожд, а над 1000 м.н.в. со снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Прогноза за 25.12.2019
Минимална температура: -4°C до 4°C
Максимална температура: 5°C до 11°C
Променливо облачно со сончеви периоди. На повисоките места и на планините ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Добивајте точна Meteocentar прогноза на вашиот Фејсбук:

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК