Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ДОАЃААТ ДВА ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО ОКТОМВРИ: Се ситнат неработните денови кои преостанаа до крајот на 2026-та

Следниот неработен ден се паѓа во недела, но понеделник ќе биде неработен ден, а тоа 11 Октомври – денот на народното востание. Па затоа неработен ден ќе биде 12-ти октомври.

Потоа овој месец следува и денот на македонската револуционерна борба кој се паѓа во петок, при што доаѓаме до уште еден продолжен викенд.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2026 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ
• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е
неработен ден,
• 23 октомври (петок), Ден на македонската револуционерна борба,
• 8 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од католичка вероисповед
• 1 ноември (недела), Празникот на сите светци,
• 25 декември (петок), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ
• 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ
• 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик

Можеби ќе ве интересира

ДРАМА НА ШУМСКИ ПАТ КАЈ ГОСТИВАР – 23-годишник паднал од четирицикл и завршил со повреди

ДЕСК

СООБРАЌАЈНА ДРАМА ВО ГОСТИВАР – Повреден 17-годишник, автомобилот избегал од местото на несреќата

ДЕСК

УКРАДЕН „РЕНЏ РОВЕР“ ВО ТЕТОВО – Возилото било со швајцарски таблички, полицијата трага по сторителот

ДЕСК