Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше одлуката со која се отвора простор за трговија со руски дизел, оценувајќи дека приходите од продажбата можат дополнително да ја финансираат руската воена машинерија.
Неговата реакција доаѓа откако Доналд Трамп соопшти дека разговарал со Владимир Путин за испорака на руски нафтени деривати. Американското Министерство за финансии издаде и општа лиценца за одредени трансакции поврзани со руски дизел.


