23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уапсени тројца Кубанци кои илегално ја преминале границата

Тројца Кубанци биле уапсени кај местото викано Макминерал, кај Битола, откако нелегално ја минале македонско-грчката граница.

Како што информираат од МВР, Кубанците на возраст од 25, 26 и 34 години биле пресретнати од полицајци од полициската станица Меџитлија.

Уапсените биле пренесени во регионалниот центар за гранични работи „Југ“ за понатамошна постапка./Makfax