23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Путин ја одржува годишната конференција, со рекордни 1.895 новинари

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе одржи традиционална годишна конференција, за која се акредитирани рекорден број новинари – 1.895.

Путин од порано почнува да се подготвува за годишната конференција, а според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рускиот претседател разговарал со министрите, вицепремиерите и шефовите на федералните агенции за да добие најнови информации за социјалната и економската состојба во земјата.

Минатата година за овој настан беа акредитирани 1.702 новинари.

Ова е 15-годишна конференција на Путин, која за првпат се одржа во 2001 година, а тогаш ја следеле повеќе од 500 новинари.

Таа прва конференција траела најкратко, еден час и 35 минути.

Најдолгата била во 2008 година и траела четири часа и 40 минути, а од 2004 година сите конференции траеле повеќе од три часа.

Минатата година Путин ја одржа својата годишна конференција на 20 декември и траеше три часа и 43 минути./Makfax