17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нападната американска воена база во Сирија, напаѓачите непознати

Група неидентификувани лица нападнале американска воена база во југоисточна Сирија, соопшти сирискиот државен ТВ-канал „Ел Инхбари“.

Се проценува дека станува збор за нелегална американска база на нафтеното поле „Омар“ на североисток од провинцијата Деир ел Зор.

Според медиумите, нападот се случил во моментот кога камиони со воена опрема пристигнале во базата.

„Американските окупатори одговорија на нападот со артилериски оган и шок-гранати“, објави каналот.

САД и нивните сојузници спроведуваат воена операција против терористичката организација ДАЕШ (Исламска држава) од 2014 година во Сирија и Ирак. Тие се во таа арапска држава без одобрение од сириските власти и ООН.

Во есента, Вашингтон објави дека ги повлекува своите трупи, но подоцна беше кажано дека дел од контингентот нема да ги напушти сириските нафтени полиња.

Во ноември началникот на Пентагон, Марк Еспер, изјави дека не е донесена конечна одлука за тоа колку американски војници остануваат во Сирија, а подоцна имало разговори за 500-600 американски војници во Сирија.