8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Светот згрозен: Гинеколог тајно снимал пациентки, а видеата ги објавувал на порно сајт

Украинската полиција го истражува случајот во кој гинекологот Вјачеслава Триполка е обвинет за снимање на голем бројј жени во својата ординација, а тие снимки ги продавал на порно сајт.

Случајот е откриен кога една жена се видела себе на гинеколошки преглед на една порнографска страна додека лекарот и правел ултразвук.

Полицијата влегла во неговата ординација и нашла неколку скриени камери.

Сите жени се снимени тајно додека тој ги прегледувал, а содржината е објавувана на неименуван порно сајт.

Триполко, кој важел за угледен лекар не е уапсен, но не му е дозволено да се појавува на работа.

Сепак осомничен е за произвоство и дистрибуција на порнографија и му се закануваат 7 години затвор.

Откако една пациентка изреагирала и му испратила неколку пораки, тој негирал, обвинил други гинеколози дека му поставиле камера во ординацијата.

Обвинетиот гинеколог минатото лето поставил аларм во ординцијата и смета дека тогаш било кој можел да ги постави и камерите.

Сепак има и постари снимки, па тоа тврдење не му оди во прилог.

„Прво мислев дека се работи за некаква болна шега, но сега кога сватив дека работата е сериозна и како лекар и како човек сум згрозен од целата ситуација“ рекол директорот на болницата.