20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Американската полиција тајно тестира кучиња роботи

Неодамна во САД се дозна дека полицијата во своите акции тајно тестирала хај-тек кучиња роботи поради што реагираа организациите за човекови права.

Кога државната полиција во Масачусетс објави видеодемонстрација на тест на кучеторобот, наречено Спот, Американската унија за граѓански слободи (ACLU) упати јавно барање до компанијата „Бостон динамикс“ да обелодени колку долго се користи овој вид технологија од страна на полицијата.

Организацијата од свои извори има податоци дека полициските кучиња роботи, способни да отворат врати и да избегнуваат друг вид пречки, веќе биле користени за време на неколку акции.

„Владата често почнува да користи нова технологија пред да може да реагираат социјалните, политичките или правните системи“, велат од ACLU.

„Итно ни треба поголема транспарентност од владините агенции, чија должност треба да биде да ја известат јавноста за плановите за тестирање и спроведување нови технологии“, се додава во соопштението на организацијата.

Според информациите што во ACLU ги добиле од „Бостон динамикс“, државната полиција склучила договор со таа компанија и било договорено тестирање кучиња роботи од 7 август до 5 ноември.

Сепак, полицијата во соопштение порача дека таа го користела Спот само во два наврата./Makfax