20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Папата се моли за жртвите од земјотресот во Албанија

Папата Франциско рече дека денес се моли за жртвите од земјотресот во Албанија.

Во неделното обраќање на плоштадот „Свети Петар“, папата Франциско рече дека Албанија е првата европска земја што сакал да ја посети и дека албанскиот народ е многу близок, јавуваат агенциите.

Албанија вчера беше погодена од низа земјотреси, од кои најсилниот беше земјотресот со јачина од 6,4 степени, досега се регистрирани 29 жртви, а над 650 повредени.