11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Запленета подморница со два тони кокаин во Шпанија

Шпанската полиција заплени подморница на која имало два тона кокаин и притоа уапси две лица, пренесуваат шпанските медиуми.

Би-Би-Си го цитира соопштението на полицијата во кое се наведува дека подморницата била откриена кога се доближила до брегот на Галиција, и дека трето лице, исто така, било во неа, но успеало да им побегне.Како што се наведува, трите лица потекнувале од Еквадор.

Шпанските медиуми пренесуваат дека подморницата од Колумбија пристигнала до шпанскиот брег, а полицијата се обидува да утврди дали цело време самостојно патувала од Латинска Америка./Makfax