14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен земјотрес ја стресе Аргентина

Силен земјотрес со јачина од 5,8 степени ги погоди централните делови од Аргентина, а властите наведуваат дека засега нема извештаи за евентуална штета или повредени.

Американскиот геолошки институт објави дека потресот бил регистриран синоќа, на 63 километри југозападно од градот Сан Луис, на длабочина од 10 километри.

Аргентинските медиуми известија дека потресот најмногу бил почувствуван во провинциите Сан Луис, Мендоза и Сан Хуан.

Земјотресот го почувствувале и жителите на Буенос Аирес и Росарија.

Тие на социјалните мрежи споделија видеоснимки на кои се гледа како се ништаат лустерите во становите./Makfax