8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Фронтлајн: Дали првиот човек кој го посети Груевски во Будимпешта пренесува пораки поврзани со судски предмети?

Вчера вечерта, во кафе Мартини во Скопје, Лептокарија, се сретнале Александар Трајковски, човекот за врски на Никола Груевски во земјава и Блерим Беџети, градоначалник на Сарај, поранашен министер за правда и главен правен кадровик на ДУИ. Што е заедничко за Трајковски, Беџети и Никола Груевски? Дали Трајковски пренесува пораки од Никола Груевски (поврзани со предмети во судството)? – објави Фронтлајн.

– Инаку, Александар Трајковски, кој е советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба, предводеше насилни протести, кршеше прозорци на општина Центар. На едно од рочиштата за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ во кој е еден од обвинетите, изјави дека бил во Унгарија поради специјалистички преглед за синусите и дишните патишта. Царинската управа на Република Македонија отвори истрага за отсуството од работа на Александар Трајковски, кој додека користел боледување, беше фотографиран во Будимпешта со поранешниот премиер Никола Груевски, пишува порталот.

Блерим Беџети работи како адвокат, а од 2011 до 2014 година беше Министер за правда од редовите на ДУИ.

Спонзорирано: